Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за Прессинг ТВ, истакна дека ставот на партијата е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните претседателските избори, коишто се надева дека ќе се одржат заедно со парламентарните избори, затоа што смета дека е време во Македонија да се одржат парламентарни избори за да се дојде до промена на власта.
Тој вели дека ја повикува власта, односно владејачкото мнозинство во Собранието ден поскоро да ја стави на дневен ред иницијативата која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе, со цел да може Собранието да се произнесе.
-Се уште претседателот на Собранието не ја става на дневен ред иницијативата што само по себе покажува дека бегаат од избори, затоа што не сакаат да се соочат со граѓаните и со мислењето на граѓаните на едни такви избори, вели Николоски.