Државата ќе изврши поништување на дел од огласот за давање на заштитени ливади во Лазарополе под концесија.
Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на социјалните мрежи.
„Сакам да ја информирам јавноста дека по добиена реакција од страна на Здружението на поранешни жители на село Лазарополе, комисијата за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост ќе изврши поништување на дел од огласот 03/22, односно за КО Лазарополе место викано Ливатчиња ИЛ 100, КП 118/1.
Наша примарна цел при распишувањето на овие јавни огласи беше секоја педа слободна обработлива површина да ја ставиме во функција за производство на храна.
Од друга страна наша основна задача како министерство е заштита на растенијата и шумите, особено на посебните видови и токму затоа благодарен сум за ова укаживање и истото го прифаќаме и веднаш постапуваме“, истакна тој.