743
СДСМ е фаворит во Истокот, со доктор Сашко Николов одиме кон нова победа, за општина во служба на граѓаните, изјави генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер Љупчо Николовски во Штип.
-После 40 години се градат експресни патишта низ целиот Исток, низ целата трета изборна единица. Нема регионален пат којшто не е реконструиран и нема нов асфалт после 40 години во целиот регион. Инвестиравме во локални патишта. Платите како никогаш растат, а знаеме како беше 11 години наназад. Ја држеа минималната плата на мизерни 8.000 денари. Ги кратиме привилегиите на функционерите затоа што ние не сме во политиката заради моќ и привилегии, туку за платата што ја земаме да бидеме сервис на граѓаните и да одработиме за граѓаните – рече Николовски.