1.2K
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечершното интервју на телевизија Канал 5 рече дека претседателот на државата, Стево Пендаровски е под жесток напад.
-Гледам дека Пендаровски е под жесток напад од креатори на јавното мислење блиски до власта. Откако се согласи на оваа средба со Мицкоски, е под еден сериозен жесток напад. Тоа оцртува една линија, а тоа е дека единствениот кој не е за дијалог во оваа земја е Зоран Заев, иако устата му е полна со дијалог. Вистината е дека Заев сака да го поларизира општеството со цел да ги заштити своите криминални интереси. Само тој е проблем зошто нема нормален дијалог во државата. Нападот кон Пендаровски покажува дека Заев не може поднесе дијалог, тврди Николовски.