Николовски: Од истиот центар во Будимпешта се командува ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски гостуваше во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ каде брифираше за новите околности по завршувањето на лидерската средба каде повторно не се постигна договор за терминот за избори.

-Ние сме свесни за сите сценарија кои се можни и тоа дека Собранието не може да се врати во нормална работа. Сите релевантни чинители кажуваат дека сега е моментот кога стивнува короната и се создадени услови. Џафери постојано предупредува и ги изнесува своите ставови од формално правен аспект во поглед на тоа дека партиите ги договараат термините за избори. ВМРО се дел од техничката влада и сега останува само дали ќе бидат дел од кампањата, а не за бојкот. Единствена можност е 22 дена по завршување на вонредната состојба, а препораките за мислењата од институции кои Мицковски ги бараше, ги доби вчера. За нас е јасно, СДСМ е одговорна партија и го поттикнуваме консензусот и компромисот. Во претходните периоди, 10 години Груевски соопштуваше дека доаѓа од Будимпешта со одлука дека оди на избори, сега таа политичка партија е командувана токму од истиот центар. Тоа не значи дека ќе ја носиме државата во нова политичка криза. Доколку нема договор за нов датум за избори тие ќе бидат на 22 дена по завршување на вонредната состојба, поентираше генералниот секретар на СДСМ.

Поврзани новости