Од 2020 на политички план очекувам големи промени и ние да формираме Владата по изборите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.
Според него, новата владата ќе донесе голема промена и на економски и на политички план.
– Во делот на економијата, ќе донесеме значајно повеке инвестиции, нови работни места и повисоки плати. Во делот на политичките теми, пак, забрзување на реформите со цел почеток на преговори со ЕУ. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да однесе убедлива победа со огромна разлика во однос на СДСМ, затоа што постои сериозно разочарување од политиките на СДСМ, како и енормна корупција и криминал. Со нашата програма, ќе дадеме одговори на овие предизвици кои се надевам ке бидат препознаени од граѓаните – вели Николовски.
Тој додава дека очекува ВМРО-ДПМНЕ самостојно да освои 61 пратеник, а после изборите, како што објаснува, ќе градат партнерство врз принципот на слични програми.
Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.