Очекувам во оваа 2020 година да продолжат процесите кои гордо ги води СДСМ и кои значат подобар живот за сите граѓани, повеќе пари, повисоки плати, пензии, економски напредок и очекувам да продолжиме да градиме едно демократско општество кое силно чекори кон НАТО и ЕУ, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.
– СДСМ е фаворит на изборите и очекувам голема победа за нов, чист, 4-годишен мандат, поради повеќе факти и анализи: постигнатите резултати во изминатите 2,5 години, реализираните над 56 отсто на мерките од програмата, успехот на економските политики, земјоделските и социјалните политики, интензивното градење во инфраструктурата, локалниот развој, заокружените реформи во безбедноста, шампиони сме во енергетиката… – вели Николовски, потенцирајќи дека и сите анкети јасно покажуваат дека СДСМ на чело со Зоран Заев е убедлив фаворит на изборите.
Тој додава дека се отворени за соработка со секоја политичка партија која, според него, ќе добие доверба од граѓаните и истовремено ги дели истите демократски и европски вредности.
–СДСМ веќе предводи коалиција од 30-тина партии, во овој период по празниците ќе разговараме со нашите партнери во и надвор од оваа коалиција. Факт е дека коалицискиот капацитет на СДСМ е најголем, СДСМ е најпосакуван партнер, што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е пред се поради нашиот искрен пристап, нашите принципи и политики за сите граѓани, нашиот концепт едно општество за сите. Тоа е препознаено и од граѓаните и од партиите. Согласно волјата на граѓаните и подготвеноста да се прифати нашата програма, ќе ја формираме и идната коалициска Влада – објаснува Николовски.
Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.