484
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат да се најде решение за спорот за името.
-Во овој момент Владата го води процесот сама. Тоа е нивна одлука и може да си го води така процесот. Во секоја држава има власт и опозицијата. Одговорноста за одлуките е на Владата. За ние да се изјасниме за преговорите, прво треба да има договор, а сега договор нема. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат да најдат решение и прашањето да се затвори. Нема причина да не и се даде шанса на оваа Влада да најде решение. Доколку решението е лошо ние секако нема да го поддржиме, но доколку е спротивно ќе го поддржиме, рече Николовски.