Николовски: Нема да задоволуваме лични апетити за локалните избори

by Фокус
СДСМ е фаворит за победа на престојните локални избори, воведовме мерит-систем преку којшто ја следиме работата на градоначалниците, го мериме нивниот учинок, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во вечерашното гостување во емисијата на ТВ21.
-Моменталниот систем што го имаме во партијата, овозможува да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат за нив. Ќе успее интенцијата за отворени листи за локалните совети, за да ги одбереме најквалитетните луѓе, а не луѓе на кои ќе задоволиме личните апетити, со тоа што ќе се најдат на советничките листи – рече Николовски.
Тој повтори дека СДСМ ќе постави високи стандарди и критериуми за кандидатите за градоначалници и советници да може да се најдат на листата.
-Носиме голема одговорност заради големиот број на градоначалници кои моментално ги имаме. Претседателот соопшти бројка од дваесетина имиња, односно градоначалници коишто според системот на следење покажуваат резултати и успешно спроведување на политиките. Тие добија поддршка од претседателот, меѓутоа треба да ја отвориме и внатрепартиската постапка. Треба да ги направиме анкетите и меѓу граѓаните и внатрепартиски – изјави Николовски.

Поврзани новости