917
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по излегувањето од Собранието денес, откако опозицијата не обезбеди кворум за гласање недоверба на Владата, рече дека е некоректно што медиумите пред камери му поставуваат прашања.
„Некоректно е, многу е некоректно. Ви кажав ќе ви дадам изјава после, некоректно ме прашувате со камери“ рече Николоски.
Денеска собраниската седница најпрвин беше одложена еден час, а веќе по второто одлагање, уште не е започната.