500
Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција беше запрашан дали се гледа како наследник на Зоран Заев на премиерската функција, тој кратко соопшти:
„Утрешните состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание и тоа е очекувано. Ќе имаме транспарентна средба, како никоја друга партија во земјава. Не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите за премиерската функција“, истакна Николовски.