Николовски: Не е точно дека заразената директорка била на мојата свадба и на состаноци во СДСМ

by fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, демантира дека заболената докторка од корона вирус била на неговата свадба, а потенцира и дека докторката не била на партиски состаноци и координации. Николовски се огласи откако во неколку медиуми се појавија информации дека директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца -Биљановска била на неговата свадба и на партиски состаноци во СДСМ.

-Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.

- Advertisements -

Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.

Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот, вели Николовски.

Поврзани новости