Николовски најави „Агенда 20/24: Добивме 4.000 предлози за изборната програма, 6.000 активисти на СДСМ се на терен

by Фокус

По завршната трибина од кампањата „На прав пат“ што се одржа викендoв во Скопје, владејачкиот СДСМ најави нова кампања насловена „Агенда 20/24“, која ќе стартува уште вечерва во Музејот на град Скопје на тема „Агенда-иновитавива“. Како што изјави партискиот генерален секретар Љупчо Николовски, во наредниот период ќе се одржат 11 тематско-проблемски трибини, како столбови на кои, според него, ќе се потпира програмата на владејачката партија на престојните парламентарни избори.

-Партиските комисии и сите партиски тела, заедно со граѓаните, надворешни експерти и НВО, веќе работат на новата програма на СДСМ и на Владата. Се собираат предлози од граѓаните. Досега добивме околу четири илјади предлози, од кои поголем дел се издржани и ќе бидат вклучени во новата програма. Владата на СДСМ постигна големи успеси во изминатиот период, посебно во економијата, социјалната политика, земјоделството – рече Николовски, додавајќи дека околу 6.000 активисти на СДСМ се на терен од врата на врата.

Поврзани новости