Николовски: Митилинеос е најголемата грчка компанија во енергетскиот сектор со пристап до најевтин гас од Холандија

by Fokus

„Митилинеос е најголемата грчка компанија во енергетскиот сектор со над 5 600 вработени коишто ќе имаат пристап до најевтината берза за гас, Холандската, каде што ќе набавуваат гас по 40% пониска цена. Ние ќе го плаќаме 15% од цената којашто ќе го набавуваат во Холандија. Произведената електрична енергија која ја произведува Митилинеос за разлика од оваа што ја произведува ЕСМ преку РЕК Битола. Таа енергија е произведена од фосилни горива и за тоа плаќаме пенали. Меѓу другото, затоа сакам да објаснам овие инвестиции се добри и гарантираат подобар стандард, заштита на животната средина и ќе донесат пониски сметки за граѓаните. Сите ние коишто работиме во јавниот сектор без разлика во кое време тоа треба да ни биде основната цел“, изјави Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија.

Тој дополни дека во 2017 година бил директор за странски инвестиции и додаде дека разликата меѓу инвестиите кои се носеле во тој период и сега е огромна.

„Тогаш инвеститорите се носеа во државата со тајни договори во четири очи, сега ние како демократска власт ова го правиме јавно и договорот којшто немаме обврска да го споделиме со јавноста го споделуваме се со една цел да граѓаните имаат право и тие да увидат дека она што го работиме е во нивна корист“, потенцираше Николовски.

Поврзани новости