Потребни се брзи предвремени избори за барем во 2020 Македонија да започне преговори со ЕУ, зошто нема да се случи тоа годинава, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на дневникот на телевизија Алфа.
-Потребни се тие избори за да се одлепиме од групата со Албанија и потребни ни се за да ги залечиме последице од двата штетни Договори со Бугарија и Грција потпишани од Заев – рече Николоски.
Николски апелираше до политичките субјекти во Собранието да се здружат и да се изгласаат брзи предвремени избори, за што е потребен 61 пратеник.
Тој најави обелоденување на корупциски скандали во кои е вмешана Владата.
-Сакам да ја информирам јавноста дека до ВМРО-ДПМНЕ секојдневно стигнуваат информации. Имаме поплава од информации и документи од свиркачи кои ни јавуваат за корупција во највисоките ешалони на власта. Ние тоа го документираме и во соодветно време ќе го објавиме. Ќе ја информираме јавноста со што се соочува Македонија, ќе има општо шокирање и разочарување од се она што го прави оваа влада – рече Николоски.