Генераниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски преку Фејсбук открива што се разговарало кај претседателот на државата Стево Пендаровски, за како што вели, како сведок на лидерската, а заради бегањето на опозицијата од избори во декември.
– Како сведок на лидерската средба а заради бегањето на опозицијата од избори во декември да се потсетиме на фактите а не лажните вести од истата:
-Мицковски не кажа ниту еден збор за тоа дека Заев или Владата се виновни за недобивањето на одлуката за преговори.
Заев прв предложи конкретен датум и тоа за брзи избори на 22 или 29 декември со техничка Влада.
-Мицковски по подолго молчење и неизјаснување почна да инсистира на 100 дена техничка Влада без конкретен предлог.
-Мицковски ниту еднаш не спомена конкретни датуми за избори во јануари ниту пак во февруари.
-Мицковски како конкретен предлог го даде 22 или 29 март а после тоа и 5 април. Секој нов предлог беше што што подоцна што значи повторно одлагање.
-Предлогот за 12 април не беше предлог на Заев и СДСМ туку на останатите.
-На Зоран Заев во тек на целата средба му беа важни државните интереси и затоа вршеше консултации со министрите во Владата за да може да се ратификува навремено протоколот за NATO и секако да се вратат стотиците милиони евра долгови наследени од Груевски, напиша Николовски.
Редакцијата на „Фокус“ побара став од лидерот на опозициската Христијан Мицковски ВМРО-ДПМНЕ, но до објавувањето на написот не доби одговор.