Сето она што секојдневно го правиме докажува и покажува дека власта власта ги користи земјоделците само како гласачка машинерија само за пред избори, ги смета само како гласачки ливчиња во изборната кутија, вели дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Сето ова што го објавувавме во изминатиот период води кон еден таков организиран систем на манипулација, дали станува збор за тоа како пратеници или функционери добивале државна земја. Еве ексклузивно, таткото на Едмонд Темелко е еден од тие што имаат добиено државна земја во Ресен. Го поставуваме прашањето дали неколкуте договори кои ги има за државна земја добиено во 2014 година, се резултат на спроведувањето на политиките на власта, на злоупотребите, во претходниот период за кој гледаме дека има сериозни обвинувања од Специјалното јавно обвинителство, за злосторничко здружување, за изборни измами, рече Николовски.
Тој дополни дека во наредниот период ќе биде дообјаснето како целосен случај во којшто е вмешан градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, а сето она што се однесува на договорите што ги има таткото на Едмонд Темелко ќе ги бидат објавени во јавноста.