414
Има правни основи да се раскине договорот за концесија за рудникот Казандол во Валандовско, изјави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во гостувањето на ТВ 24.
Тој посочи дека Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за степеност на изграденост на рудникот Казандол и го задолжи Министерството за економија во наредните седум дена да ја информира Владата за степеност на изграденост, но и за можностите за раскинување на договорот за концесија.
-Констатирани се многу неправилности и има сериозни индиции дека не се исполнети сите услови во договорот за концесија. Сметам дека има правни основи тој да биде раскинат, рече Николовски.