Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропрционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчпо Николовски кој од неодамна е и новиот генерален секретар на СДСМ.
Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.
-Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. Сакаме да ги вклучиме и граѓаните во носењето на одлуки, напомена Николовски по доделувањето на решенијата за поддршка на руралниот развој во општините.