Николовски: Груевски се уште управува со ВМРО преку извршителот Мицкоски

by Фокус
Во интерес на јавното здравје, СДСМ ќе води безбедна кампања без големи митинзи, масовни средби, туку ќе ја претстави својата понуда преку различен тип на активности, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во Канал 5.
-Заедно со граѓаните ќе извојуваме уште една победа, за европска иднина на нашата држава. За луѓето да ги бираме врз основа на квалитет, а не врз основа на партиски книшки.  Имаме одлична програма и понуда којашто нуди повисоки плати, повисока минимална плата до 40 проценти, покачување на просечната плата за 30 проценти, силен здравствен систем. Недела ќе биде неработен ден за сите граѓани – рече Николовски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ бега од изборите поради слабиот рејтинг кај граѓаните.
-Зошто ги нарекуваат фејк-њуз партија. Манипулацијата за нив е нормално однесување, како со граѓаните, така и со анкетите. Тоа е истата партија што и денеска сè уште ја води Никола Груевски, преку неговиот извршител Мицкоски. Фејк- њуз ВМРО не само што не може да ги излаже граѓаните, туку не може веќе да ги излаже ни сопствените членови и симпатизери, со вакви измислени анкети од нерелевантни извори – рече Николовски.

Поврзани новости