Дали на иста маса со Христијан Мицкоски во Дебар Маало седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и лице кому му судеше за прегазување човек, праша генералниот секретар на социјалдемократите Љубчо Николовски.
-Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Што разговарале и од што се криеле среде Скопје – дополнително праша Николовски во денешното обраќање во живо преку социјалните мрежи.
Тој оцени дека во време на оваа сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и намерно ги прекршува мерките и задолженијата.
-Има мерки и треба да има и казни! Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот! Инаку, ќе станеме остров на зараза. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни – порача Николовски.