Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во рамки на работната посета во општина Делчево упати апел до земјоделците навремено да аплицираат за дополнителите директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.
„Од Делчево упатувам апел до земјоделците навремено да ги пополнат барањата и аплицираат за дополнителите директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади“, изјави министерот Николовски.
Земјоделците своите барања ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потребно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата. Напоменуваме дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.
Земјоделците можат да аплицараат за следните дополнителни мерки:
„Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
„Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
„Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
„Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
„Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“
Дополнително министерот Николовски истакна дека до крајот на месец декември ќе биде реализирана и авансната исплата на директните плаќања.