1K
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека откако СДСМ е на власт, по улиците има најмногу кокаин.
-Никогаш порано немало толку кокаин како во последниве три години. Сите сме можеле да видиме како се продава кокаин на улица. Наќе Чулев дојде во Министерството и веднаш имаме акција за сузбивање. Тоа е разликата, смета Николовски.