Николовски: ДКСК да се зафати со предметите за кои граѓаните очекуваат епилог

by Фокус

Даваме целосна поддршка на Државната комисија за спречување корупција, која треба да се зафати со најсериозните предмети за коишто граѓаните очекуваат поддршка, разрешница и да видат краен епилог, вели вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

-Ние сме имале многу состаноци и за софтверот којшто не успеала во минатиот период ДКСК да го набави, а што отвора можност дали на тој начин извршителите, нотарите се заштитени или многу други функционери коишто треба да доставуваат анкетни листови. Меѓутоа, како Влада активно работиме, овозможивме над 48 милиони денари, оваа година триплиран е буџетот на ДКСК и во делот токму на набавката на оваа опрема која што се бара. За разлика од ДКСК ние ниту сме министерство, ние сме само еден мал тим којшто навистина е цврсто фокусиран и коишто ги знае своите цели и којшто оваа 2021 година навистина ќе даде поддршка на сите процеси во коишто треба системските слабости коишто ги има општеството навистина да ги надминеме и да најдеме решение на системските проблеми – рече Николовски на Сител.

Тој укажа дека го истражуваат и анализираат последниот извештај на Транспаренси интернешнл за корупцијата по сите индикатори и методологии.

-Најмалку Љупчо Николовски може да биде крив или Бојан Маричиќ во овој дел на нефункционирањето или невоспоставувањето токму на тие силни механизми што треба да постојат помеѓу сите  институции и проблеми што не биле решени не само со години, туку со децении. И ние токму затоа мислам дека сме ја погодиле целта со самото формирање или поставување од страна на премиерот во самиот владин кабинет на  посебен човек којшто треба да ги олесни работите на институциите, да даде поддршка на регулаторните тела, на самите владини институции се со цел да ја зголемиме таа битка, да ги испорачаме резултатите на граѓаните коишто  ги очекуваат и да се избориме против ова зло кое што е длабоко со децении навлезено во сите пори на општеството, а особено во 11 години од режимот којшто го имавме со ВМРО-ДПМНЕ – истакна Николовски.

Поврзани новости