Николовски: Димитров наоколу зборува дека Заев бил спремен да потпише со Бугарија, ама тој го спречил

by fokus

Александар Николов од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 изнесе тврдење дека вицепремиерот Никола Димитров брифирал новинари дека тој го спречил премиерот Зоран Заев да потпише се што Бугарија побарала.

-Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа Димитров го спречил и тоа успеал да го направи преку скопското крило на СДСМ.
Дали е вистина дека е Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара?, прашаува Николов.

Поврзани новости