Мојот личен и најголем мотив во оваа изборна кампања е да ги вратиме и да ги задржиме младите тука, изјави носителот на пратеничката листа на СДСМ во третата изборна единица Љупчо Николовски на денешната трибина во Велес.
-Младите во изминатите 11 години ја напуштаа земјата затоа што беше газено нивното достоинство. Тие заминуваа заради тоа што не веруваа во системот во правдата. Не веруваа дека работите може да се променат. Денеска гледаме дека многу работи се променети, демократијата е вратена, слободно се зборува, слободно се критикува – порача Николовски.
Според него, времето покажало дека ВМРО-ДПМНЕ прераснал во фабрика за лажни вести и манипулации.
-Денес гледаме дека никој не ветува НАТО и ЕУ, затоа што имаме храбри политичари, кои во краток мандат успеаја да го направат тоа што генерации и генерации политичари не успеаја да го направат. Го остварија сонот на многу генерации. Ја загрантиравме иднината на оваа земја – рече Николовски.