Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, е избран да биде дел од програмата „Европски млади лидери под 40 години“ која е организирана од тинк-тенк организацијата „Пријатели на Европа“ („Friends of Europe“) од Брисел.
Целта на оваа програма е заедничко вмрежување на веќе докажаните 40 личности од Европа кои веќе имаат успешни кариери од областа со која се занимаваат и нивно заедничко дејствување во поглед на промени во политичкиот и социјален живот во Европа.
Според „Пријатели на Европа“, Николовски е посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ.
-Посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ, тој е претседател на Националниот совет за европска интеграција, во која улога ги олеснува разговорите за пристапување на земјата во ЕУ. Александар е заменик-претседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде што е и член на Комитетот за правни прашања и човекови права, стои во делот за Николовски.
Според „Пријатели на Европа“, овие млади лидери помагаат да се извади Европа од Брисел, во нивните земји и градови. Тие го олеснуваат учеството на граѓаните во создавањето на порамноправна, иновативна и инклузивна Европа и помагаат да се изгради европски идентитет.