Николовски: Дали уставните амандмани веќе се подготвени од грчката влада, а наш професор само ги средува?

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, денес побара власта да одговори како ќе гласат уставните амандмани, кои произлегуваат како обврска од, според него, капитулантскиот договор од Преспа.

-Дали е вистина дека амандманите се веќе подготвени и се кријат од јавноста? Истите внимавајте не се подготвени од македонската Влада, туку од грчката Влада и се дадени во форма на нон пејпр. Од македонска страна е ангажиран само еден пензиониран професор по уставно право, чија задача е само технички да ги среди истите. На што се должи ваквиот капитулантски однос кон Грција таа да ги пишува амандманите што треба македонското Собрание евентуално да ги усвои? – праша тој.

Николовски додаде дека ставовите што пратениците индивидуално почнаа да ги изнесуваат преку фејсбук во однос на претстојниот референдум и измената на Уставот не се спротивни на ставот на претседателот на партијата Христијан Мицковски.

-Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја чувствуваат вибрацијата на граѓаните. Тие се во секојдневна комуникација со граѓаните и штом решиле дел од нив вака јавно да го кажат својот став, значи дека тоа е она што го добиваат како вибрација од граѓаните и сакаат да го пренесат и тоа е апсолутно за почит – изјави потпретседателот на ДПМНЕ.

Поврзани новости