Николовски: Да ги вратиме младите во Истокот, а да извезуваме производи

by Фокус

Откако во Истокот веќе се гради и се инвестира, нашата следна и најважна цел е да ги вратиме младите, а да ги извезуваме нашите македонски производи, порача Љупчо Николовски, носител на пратеничката листа на СДСМ во 3 ИЕ во Кочани.

-Во 2016 година овде од Истокот ветивме дека ќе го вратиме и животот и ќе ги вратиме парите кај граѓаните. Тоа и го сторивме. Истокот од најзапоставен регион сега е регион кој најбрзо се развива. Во овој регион нема регионални патишта кои не се обновени, кои не се рехабилитирани, во овој регион се градат најголем дел од експресните патишта. Насекаде во кочанско се гради и тоа пример како локалната и централната власт, кога работат заедно, може да се инвестира и да се создава за граѓаните. Наша следна цел е да ги вратиме младите, да ги вратиме Македонците тука во Истокот, а од тука да ги извезуваме нашите брендирани македонски производи- порача Николовски.

Тој нагласи дека кога не се градат споменици и скулптури и не се трошат парите на реклами и на бронза, туку се инвестираат во човечки капитал и се работи домаќински и одговорно, Истокот може да стане регион кој силно се развива.

Поврзани новости