687
Ќе се смени за брзо Наќе Чулев, но ќе се сменат и други министри, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, откако Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто власта не го смени министерот за внатрешни работи Чулев ако, како што рече, навистина тој е виновен за порастот на заразени од Ковид 19.
„Ќе си имаме фер и безбедни избори, без нарушување на здравствените мерки. И ќе се вратиме конечно во колосек. А местата кои Чулевци и некои други ќе ги испразнат, ќе ги пополниме со чесни луѓе, домаќини. Правични и работливи како моите сонародници од истокот, каде денес имав чест да го поминам денот. Доаѓаат убави времиња“, напиша Николовски на фејсбук.