686
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во своето гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ откри дека летото Сафет Бишевац побарал да биде дел од пратеничката листа, кој пак сега се најде на листата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту можам да разговарам, ниту пак да гарантирам во тој момент. Очигледна е желбата да стане пратеник, но ние имавме јасна и прецизна постапка, која што на крајот ја исфрли најквалитетната кадровска и програмска понуда, изјави Николовски, околу т.н „шалтање“ на луѓе на противнички пратенички листи.