410
Судијката Маргарита Цаца Николовска во вечерашното гостување на „Само вистина“ на телевизија Канал 5 рече дека што се однесува до референдумското прашање, најважно е тоа да биде разбирливо за граѓаните.
-Не можам да ја коментирам одлуката на Уставниот суд бидејќи не сум ја видела, тогаш ќе може повеќе да се дискутира. Што се однесува до прашањето, јас не сакам да го спомнувам Законот за референдум, затоа што има одредени проблеми врзани за Уставот. Би сакала овој проблем да го истретирам од уставна правна гледна точка. Бројот на прашања не е спорен, најважно е дали прашањето е јасно, суштинско и дали граѓаните можат да го разберат.