Николовска: Можеби сме мала држава, но сите имаме големо срце и душа

by Fokus

На ваков начин нема да помине никаков предлог, протокол. Иако од власта слушаме дека со многу широки раце отворени го фалат францускиот предлог за патот на Македонија кон Европската Унија. Меѓутоа, или намерно и свесно ги премолчуваат фактите или навистина се слепи, изјави Ружица Николовска на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Николовска додаде дека има неколку работи кои ќе ни пречат и што се за нас штетни. Штетни за нашиот идентитет и за нашите национални интереси.

-Се обидуваат Бугарите да ја читаат историјата како чиста бугарска историја, тоа е содржано во предлогот и доаѓа токму од договорот за добрососедство од 2017та година. Дали тоа значи дека ние треба да го заборавиме нашиот идентитет, да ги избришеме нашите досегашни книги, учебници, филмови и да заборавиме на се ?“, кажа Николовска.

Николовска истакна дека ваков документ како што ни се нуди, на ваков начин не е за доброто на Македонија, напротив тоа е само штетен предлог.

-Ни малку не е наивно тоа што се обидуваат како едно наивно прашање да го вметнат протнувањето и ставањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Ако тоа го дозволиме, знаете ли што ќе направиме? Ќе дозволиме да ни се истакнуваат бугарски симболи слободно, да ни се зборува на Бугарски јазик овде. Ние имаме наша историја, идентитет и ние имаме нешто што нашите предци го оставиле и не смееме да дозволиме сето тоа да го изгубиме, вели Николовска.

Николовска потенцираше да не дозволиме ова власт да се однесува кон Македонија како слаба држава, и додаде дека можеби сме мала држава и мал народ но сите имаме големо срце и душа.

Поврзани новости