395
Движењето „Удар“ ги повикува граѓаните на протестен марш за правда, достоинство и подобар живот, кој треба да тргне утре од 12 часот од собранието, па да заврши пред владата.
– Излегувајте секој ден на улични протести, па макар тоа биле 100 или 1.000 граѓани. Молкот е за слабите, кренете го гласот вие храбрите. Сите кои сте обесправени на било кој начин придружете ни се утре, за да и зададеме удар на оваа недемократска власт – напиша на својот фекјсбук-профил Мери Николова од оваа иницијатива.
Николова е мета на провладините медиуми, кои ги девалвираат нејзините активности како опозициски, поради нејзината припадност кон СДСМ.