494
Политичарите што сакаат да организираат избори треба да кажат колку животи ќе чинат тие избори, изјави докторот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов на ТВ 24.
-Во земјите околу нас кои бележат 0 смртни случаи им е многу полесно да организираат избори. Како може ние во состојба со растечки број на заболени да испланираме точен датум за избори? Не велам дека не се можни, но не знам кој ќе биде кредибилитетот на овие избори. Ние се уште не го знаеме врвот на ситуацијата, дали ќе расте бројот – вели Николов.