Венко Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама. Филипче призна дека лажно ѝ кажал на јавноста дека неговата внука е вакцинирана од морбили, иако таа не е, само да ги увери родителите дека вакцините се безбедни, обвини Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче прво го злоупотребил детето во политичка измама, а потоа свесно ги донел во заблуда граѓаните на Република Македонија, со самото тоа извршил кривично дело Измама според чл. 247 од Кривичниот Законик. Со ваквото свое манипулативно однесување, министерот лично го загрозува процесот на вакцинација и ја нарушува и онака слабата и нарушена доверба на граѓаните во системот. Министерот лично со своето однесување, целосно ја деградира, го разградува процесот на вакцинација“, рече тој.
Според Николов, Филипче мора да понесе одговорност и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува надлежните институции да преземат соодветни мерки.