Можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
-Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа – истакнува Николоски.
Тој додава дека од една страна велат дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна, како што вели, дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа.