Николоски: Заеви го купуваат Тутунскиот комбинат во Струмица, а СДСМ ангажирал ПР агенција

by Фокус

Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица вечер на телевизија Канал 5 изјави дека СДСМ ангажирала ПР агенција од Белград поради, како што рече, нискиот рејтинг во ИЕ 4.

– Но имаат два проблеми, таа ПР агенција дошла во Скопје, а Скопје е во единицата не е во четворката. Второ, ПР агенции на полињата и нивите во Прилеп, Струмица, Гевгелија, Валандово, Стојаково не поминуваат. Таму поминува искрен и чесен збор – рече Николоски.

Воедно, тој истакна дека семејството лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е носител на пратеничката листа во 4 ИЕ, е во процес на купување на Тутунскиот комбинат Струмица.

-Нив им одговара цената да е пониска и за брзо време луѓето ќе видат дека тоа ќе се случи. Тие имаат акции ама сега преку блиски фирми и ќе го преземат. Но, не сопира се тука. Тутунскиот комбинат во Прилеп кој е во државна сопственост, директорот зема речиси 210 илјади денари месечна плата, а семејство кое станува во 4 наутро и работи и производува тутун зема годишно оклу седум и пол илјади евра – рече Николоски.

Поврзани новости