Николоски: Заев вели ќе ме згазел во Струмица, но народот ќе го згази него

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е носител на пратеничка листа во 4 изборна единица, напиша дека ќе го победи лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Знам дека и Заев знае за тоа. Стига аберот брзо и добар и лош. Заев во напад на паника од извесниот пораз очајно вели дека ќе ме згазел во Струмица. Некој сигурно ќе биде згазен, а тоа нема да сум јас. Она што исто така е сигурно е дека народот ќе го згази Заев на 15-ти јули заради сите понижувања, криминал и неправди кои му ги нанесе“, објави Николоски на фејсбук.

Поврзани новости