Николоски: Заев сака да бира раководство на ВМРО за вечно да владее

by Фокус

Ние цело време повикуваме на влада за национално единство која ќе се справи со здравствената и економската криза и со блокадата на Бугарија, но тоа Зоран Заев го одбиваше бидејќи имал мнозинство, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на Сител.

– Сега не гледам дека истата идеја е на маса. Тоа што Заев го сака прво е да бира раководство во ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да му се дозволи и второ, нему му треба контрoлирана опозиција со цел вечно да владее. Тој филм нема да го види – порача тој.

Според него, потребни се предвемени парламентарни избори заедно со локалните.

-Каде има кутија за локални, таму и за парламентарни избори, и во еден трошок оди тоа – изјави Николовски, додавајќи дека министерот за финансии треба да обезбеди средства за фингерпринт апарати, бидејќи во спротивно кривично ќе одговара.

Поврзани новости