Николоски за „Фокус“: Агенцијата за разузнавање нелегално не следеше мене и Мицкоски, но не им успеа играта!

Во тој период на опозиција најзлоупотребувана беше Агенцијата за разузнавање. Јас бев многу прецизен кога изнесував информации и мислам дека во следниот период многу од тие работи ќе излезат и пред соодветните институции ќе си бидат институционално решени, затоа што се вршеше нелегално следење и мое и на претседателот Христијан Мицкоски, како и на еден круг на луѓе во опозицијата, вели Александар Николоски во интервју за „Фокус“.

by Фокус

Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој одговара и на прашањата дали има вистина во информациите дека немало согласност од меѓународните партнери за да застане на чело на некој од најсензитивните ресори (МНР, МВР, одбрана), како се случи да стане министер за транспорт, што го инспирирало да го преземе токму овој ресор…

Разговараше: Влатко СТОЈАНОВСКИ

Во интервјуто, Николоски вели дека информациите дека меѓународната заедница не дала согласност да застане на чело на МВР, МНР или одбрана било непријателска пропаганда. Воедно, посочува дека од 2008 година  во континуитет поседува безбедносен сертификат за државна тајна, кој е неопходен за овие чувствителни ресори.

За неколку од почувствителните ресори потребно е да се има највисок степен на тајна и тоа се нарекува државна тајна, што е највисокиот степен што може да се добие. Јас сум еден од ретките, можеби и единствен во оваа влада кој во континуитет има сертификат за државна тајна од 2008 година до денес. И тој се обновува на секои 4 години, зашто не е траен сертификат.

Значи, јас во континуитет го имам цели 14 години како највисок безбедносен сертификат во државата наречен државна тајна, што значи дека државните тајни што стигнувале до мене јас не сум ги изнел и не сум направил ништо на штета на државата, што мислам дека е основна патриотска должност кога работите ваква работа.

Јавноста е запознаена дека јас сум и еден од авторите на реформата на безбедносниот сектор што се случи во 2019 година. По огромниот скандал со прислушувањето, Управата за безбедност и контраразузнавање се трансформираше и се формираа Оперативно-техничката агенција и Агенцијата за национална безбедност, односно делот на прислушувањето се подели на 2 сегменти за да не се злоупотребува – вели тој.

ФОКУС: Како опозиционер тврдевте дека сте следен од страна на Агенцијата за разузнавање, а беа испорачувани и обвинувања и дека сте прислушувани. Дојдовте ли до потврда на овие сознанија откако дојдовте на власт?
НИКОЛОСКИ: Во тој период најзлоупотребувана беше Агенцијата за разузнавање. Јас бев многу прецизен кога изнесував информации и мислам дека во следниот период многу од тие работи ќе излезат и пред соодветните институции ќе си бидат институционално решени, затоа што се вршеше нелегално следење и мое и на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, како и на еден круг на луѓе во опозицијата. Не им успеа таа игра.

ФОКУС: По кој основ сте биле следени?
НИКОЛОСКИ: По никој основ, тоа е нелегално следење. Самото тоа што се нарекува Агенција за разузнавање, нејзина работа е надвор од Македонија, а тие правеле следење внатре во Македонија, што мислам дека е доволна индикација дека се работи за нелегални активности.

ФОКУС: Дали имате индиции дека повторно биле злоупотребени и системите за прислушување?
НИКОЛОСКИ: Во тој период кога јас излегов во јавност, во најголем дел се работеше за физичко следење.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости