Николоски во Кисела Вода: Скопје пак ќе биде вмровски град

by fokus

После 17 и 31 октомври, Скопје ќе биде повторно вмровски град, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на трибина во Општина Кисела Вода. Тој порача дека е време за промени во Кисела Вода, бидејќи, според него, актуелниот градоначалник Филип Темелковски од СДСМ е мрзелив и неработник.

-Заради неспособноста на Темелковски и неговата неработа, и Цементара го загадува цело Скопје, заради отпадот кој го горат и за кој донесоа закон во собрание – рече Николоски.

Кандидатот за градначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Георгиевски, пак, изјави дека нуди решенија за сите граѓани.

-4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, дотрајани и ископани улица, канализациони и водоводни системи без капацитет, уништени паркови, напуштени и девастирани објекти и игралишта. Време е за решенија за проблемите. За да има нормални услови за живот за сите, за да прекине рушветот и митото, да има рамномерен развој, повеќе паркови, детски игралишта и инклузивност на ранливите категории – рече Ѓеоргиевски.

Поврзани новости