На најавите дека Македонија би можела да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во декември на самитот на ЕУ на 14-ти, Александар Николоски во студиото на ТВ21 вечерва коментираше дека тоа нема да се случи ниту во декември, ниту во јануари, и покрај промената на власта во Бугарија.
„Многумина не веруваа пролетта 2018 година кога реков дека дури Зоран Заев да го промени името, нема да почне преговори со ЕУ, и додека е тој премиер, Македонија нема да почне преговори. За жал брв во право, затоа што сакам Македонија да напредува. Македонија, за жал, нема да почне преговори во декември и нема да почне преговори. Смешна работа е коментарот на Димитров дека можеби во јануари. Целата ЕУ во јануари е на одмор, а може датум за скијање да се добие, а не за почеток на преговори“, рече Николоски.