„Извесно е и сите очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, тоа го покажуваат и сите анкети. Но од друга страна, извесно е дека оваа владејачка гарнитура ќе оди во опозиција, затоа што, ние јасно кажуваме дека ниту со СДСМ ниту со ДУИ ќе имаме соработка“ вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување на тв21.
Тој додава дека поради ова, последниве недели таква нервоза и паника ги има фатено да сериозно не става во сомнеж за тоа како ќе изгледа изборниот процес.
„Ќе кажам еден основен пример кој што е суштина на изборите, а тоа е органот за спроведување на изборите, Државната изборна комисија. Во моментов Државната изборна комисија е во неполн состав која што согласно закон таа треба да има седум члена од кои што четири се од власта и три се од опозицијата. Во моментов има четири од власта, два од опозицијата, затоа што третиот член од опозицијата во меѓу време стана власт, а тоа е Кренар Лога кој што стана министер од Алијанса за Албанците и ова место останува правно. Согласно законот во многу јасно утврдени рокови, кои не се повеќе од месец дена, требаше да се избере нов член на ДИК на предлог на опозицијата. До денес се поминати година дена како Алијансата е член на владата, нов член на ДИК нема, после жесток притисок во јавноста да се направи конкурс и тој конкурс го манипулира власта затоа што, прво, во законскиот рок од три дена не се разгледаа кандидатурите, туку се разгледуваа после месец дена од завршување на конкурсот“, вели Николоски.
Тој додава дека втора работа што укажува дека власта се спрема за нефер изборен процес е тоа што сега се спори и предлогот на опозициската која што треба да го заземе слободното место во ДИК со цел да го одложат процесот за комплетирање на Државната изборна комисија.
„Ние веќе влегуваме во изборен период, затоа што датумот за избори веќе е договорен, а ДИК не е потполна. Ова е само еден пример, што нас не тера сериозно да се замислиме дали власта сака да ги краде изборите“, истакна Николоски.