Власта потпиша катастрофален договор со Бугарија во однос на македонските национални прашања, а тоа всушност го гледаме и со реализацијата на тој договор, првите чекори ги гледаме со промената на историските факти во однос на средниот век, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
-Не сме се откажале од референдумот, туку активно и интензивно работиме, ние кажавме дека на крајот на овој месец и почетокот на септември ќе излеземе со конкретни позиции во однос на прашањето и на начинот на кој што би се реализирал овој референдум. Се надевам дека од власта ќе соберат доволно храброст и ќе дадат можност на народот да го каже своето мислење во однос на бугарскиот предлог и во однос на овој спорен договор што го потпишаа – истакна Николоски на Канал 5.
Тој додаде дека власта нема поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени и дека тие, според него, ќе паднат во Собранието.
-Ја повикувам власта нека го пуштат овој предлог во Собрание да видат дека немаат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите за уставни измени ќе паднат во Собранието и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори затоа што власта е делигитимирана и на ниеден начин не може оваа коалиција на СДСМ и ДУИ да остане на власт – рече Николоски.