Николоски: Уставни измени под бугарски диктат ни пред ни после избори нема да има

by Fokus

„Година ипол трае оваа приказна и уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има. Ова е затворено прашање“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

„Го затворивме тоа прашања, уставни измени нема да има. Беспредметно е воопшто да влегуваме во тези и хипотези кои што единствена цел имаат да се замајува јавноста од вистинските теми, а тоа на пример е како е возможно да Државна лотарија се исели од државни простории и оди во приватни простории, и да потпише 2.6 милиони евра кирија и после таа фирма е купена од син на пратеник од ДУИ“, потсети Николоски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат да има.

„Уставни избори ни пред избори, ни после избори под бугарски диктат нема да има и тоа е веќе затворена тема“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на преговарачката рамка, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски рече – „Тоа се работи за кои што треба да понесат одговорност овие кои што прифатија ваков бугарски диктат. Затоа што ова е едно понижување за Македонија. И ние секако сме спремни да разговараме за продолжување на европскиот пат на Македонија но само доколку и ако и Бугарија е подготвена да направи чекори. Бугарија треба само да го испочитува она што е основен принцип на владеење на правото, а тоа е помеѓу другото и почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој што е највисок суд за човекови права во Европа“.

Николоски потсети дека има 14 пресуди кои што Бугарија не ги спроведува. А, во моментов во процедура има уште 17 други процеси кои што исто така најверојатно ќе завршат во корист на Македонците во Бугарија. А, Бугарија досега нема спроведено ниедна.

„Исто така мора Македонија да има јасни гаранции за својот многувековен идентитет, но исто така дека нема на следната станица да има повторно вето. Како што треба и граѓаните да видат прогрес во однос на преговорите со ЕУ во делот на економска благосостојба, што е најзначајно за граѓаните“, појасни Николоски.

Тој укажа дека уставните измени под бугарски диктат се уцена и затоа ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа.

Поврзани новости