Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли, ама вистина е“, возврати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ АлександарНиколоски на обвинувањата од шефот на дипломатијата Бујар Османи дека толку е алчен за власт, што не си ја сака ни сопствената држава.
-Исто како што пред 4 години кажав дека тој работи Македонија да влезе во иста група со Албанија, која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е „научна фантастика“. По неколку месеци таа „научна фантастика“ се реализираше и Македонија не доби датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија.Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022, Македонија не почнува преговори.Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот, порачува Николоски.