Николоски: Три години ветуваат датум за преговори, а датумот се уште го нема!

by Фокус

Три години лажат и манипулираат дека сме добиле некаков датум за почеток на преговорите со Европската унија, ама датумот никој не го знае затоа што едноставно го нема, изјави носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во 4 ИЕ Александар Николоски во Криволак.

-Во 2018 Зоран Заев излезе на говорница во собрание и велеше добивме датум, па се сликаа во луксузниот владин авион и велеа го добивме датумот, па испадна дека датум нема. Па летото 2019 година рекоа сега сигурно готово е го добиваме датумот, па дојде октомври 2019 година и велеа готово сигурно е го добивме датумот, па помина датум нема. Па дојде март 2020 година е сега готово жими мајка сега доаѓа датумот. Но, помина март датум нема. И сега ни срам ни перде сабајле се наредиле пред влада застанале не знам како не им е срам од прв до последен велат датум добиле, а датумот никој не го знае – рече Николоски.

Тој најави низа мерки што ќе ги спроведат ако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите и формира влада.

-Се обврзуваме во соработка со компаниите да понудиме младите во средно школо да можат дополнително да заработат за да си заработат за џепарлак. Да понудиме на компаниите олеснувања доколку вработат млади луѓе после завршување на средното образование, они кои што не планираат да се запишат на факултет веднаш да можат да најдат работа. Планираме стипендии за дообука пред се во информатиката и ИТ индустријата која е иднина на светот за да можат што повеќе млади да си го најдат лебот и иднината тука, затоа што со ИТ индустријата можете да отворите компјутери во Криволак и да работите за Америка – порача тој.

Поврзани новости