Николоски: Сто гласа за помала партија значат шанса за Заев

by fokus

Клучното што треба да го направат политичките партии во Македонија е да се обединат околу еден концепт на борба со организираниот криминал и корупција и промена  на оваа корумпирана и неспособна власт, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-За тоа потребно е сите гласови да се на едно место. Да не заборавиме дека ова се мнозински избори, дека ова се избори со кои што со еден глас плус или минус се добива или се губи градоначалник и за тоа е потребно сите гласови да се на едно место. Сто гласови за една помала политичка партија можат да значат шанса за Зоран Заев – рече Николоски на Канал 5.

Природно е да имаме различни ставови, додаде тој, но, според него, клучен е заедничкиот став дека Македонија треба да биде исчистена од криминал и од корупција.

-Е, во тој дел потребно е да се обединиме со сите политички партии од опозицијата коиошто припаѓаат, условно кажано, и на македонскиот и на албанскиот кампус, како и на помалите етнички заедници на Турците, на Србите, на Ромите, на Власите, на сите кои што сакаат да ни помогнат во оваа мисија – истакна Николоски.

Поврзани новости