Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека анкетите покажуваат зголемување на бројот на луѓе во Западен Балкан, посебно помеѓу младите, кои се песимисти околу перспективите и пристапувањето во ЕУ.
„Како што Господиниот Папандреу точно истакнува во извештајот – анкетите покажуваат дека се зголемува бројот на луѓе во Западен Балкан, посебно помеѓу младите, кои се песимисти околу перспективите и пристапувањето во ЕУ. Европската визија го губи својот сјај, На тоа место, етно-национализмот повторно се појавува на површина со многу загрижувачки развој. Тоа што и се случува на мојата држава – Македонија е најдобар пример за ова.
Грција беше таа која ставаше вето на отворањето на пристапните преговори со години и потоа од 2020 година тоа е Бугарија, користејќи ја својата позиција како земја членка на ЕУ да ја уценува Македонија, го негира постоењето на Македонска нација, ја негира Македонската култура и историја и тврди дека Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик. Се ова Македонија е притисната да го прифати за да ги отвори пристапните преговори и да може еден ден да стане земја членка на ЕУ“, вели Николовски.